Бизнис
3. October 2024 - 21:17

Пазарна казни 5 големи ланци на маркети

За еден ден изречени казни од над 2 милиони денари или 32 и пол илјади евра. Државниот пазарен инспекторат со засилени контроли поверува – дали се почитува одлуката за ограничување на бруто профитната маржа од 10 отсто.  Казнети се 5 големи ланци на маркети. Во нивни продавници се утврдени неправилности. Непочитување на мерката има и кај 3 средни од кој еден во Арачиново, како и кај мали трговски објекти од Скопје, Битола, Куманово, Гостивар и Валандово. Првиот човек на  Пазарна вели – она што го прават трговците е недопусливо.  Ако со владината мерка е опфатено кафето од 200 грама, сега  го продават како 194 грамско, само за да не поевтини.

Киселото млеко кое е опфатено со одлуката  е од  400 до 500 грама,. Сега, за да се заобиколи законот, на пазарот го има истото, но како  300 грамско. Нека ги има и тие  производи  во толкаво пакување, но мора да има и 400 грамско, кое е опфатено во одлуаката. Затоа што во законски мора да имаат 70%  од производите на залаха како претходниот месец, изјави Горан Трајковски, директор на Државен Пазарен Инспекторат.

Владата донесе одлука да се ограничат маржите на 73 прозивдои, чии цени се очекуавше да се намалат за најмалку 10 отсто. Но, состојбата на терен покажува дека само мал дел од производите се продаваат поевтино. Трајковски вели дека казни ќе заработат и  трговците кои ги качиле цените пред да се донесе владината одлука или ги тргнале тие производи од рафтовите.

Наидовме повторно на обиди да се заобиколи одлуката, за да се избегне намалување на цените. Ние се уште имамо производи кои не се означени дека се опфатени со мерката, што е крајно несеризоно, додава Трајковски.

Мерката за ограничени маржи  на производоите од есенската кошница ќе трае до крајот на октомври. Во меѓувреме  дополнитено намалување на цените на онновните  прехранбени и земјоделски произодви се очекува и со законот за нефер трговски практики, кој веќе стапи на сила.