Живот
16. December 2015 - 13:34

Педофил се брани на суд: Се сопнав и влегов во девојчето!?

Пред судот Ешан Абдуалзис (46) тврдел дека не ја силувал тинејџерката, туку дека се сопнал и така „слушајно влегол во неа“. Настанот се случил во неговиот стан во лондонскиот Вест Енд, по пијанка.

Бизнисменот објаснил дека неговата сперма се нашла во телото на тинејџерката, зошто минута пред да се „сопне“ имал секс со другарката на девојката, „па спермата му останала на рацете“ кога паднал на тинејџерката/

Девојката сведочела дека тоа утро се разбудила и го затекнала Абдулазиз врз себе и дека тој потоа ја силувал.

Меѓутоа, тој тврди дека само дошол да ја праша дали и треба маичка за спиење или да и повика такси, за да ја префрли дома.

Таа, меѓутоа, тврди бизнисменот, „го повлекла кон себе и му ја ставила главата меѓу своите нозе“.

И покрај тоа, тој тврди дека немале секс и покрај јасните докази што се пронајдени при прегледот на малолетничката.