Пејачка од Ѕвездите на Гранд доживеа страшна несреќа

Српската пејачка Катарина Груиќ се опоравува откако во неделата навечер ја удрил таксист. Како што вели Катарина за српски Телеграф, повредите не се наивни - има болни отоци, но благодарна е на Бог што е жива.
- Сеуште сум во шок што човек ме удри и побегна... Отоците ќе поминат, животот оди понатаму. Фала му на Господ што останав жива и што немаше поголеми проблеми, изјавила Кача.

Српски Телеграф ја запраша пејачката дали против човекот кој ја удрил ќе поднесе тужба.
- Не знаев за кој се работи нути ги видов таблиците. Два дена поминаа од случката и мислам дека сега нема поента да викам полиција и било што да правам. Сеуште сум во шок дека човекот побегна, а во такси централата ми рекоа дека не можат ништо да направат и дека ќе ми дадат 1.000 динари (500 денари)! Поради тоа ќе се потрудам да добијат најлош глас во Белград, објасни Груиќ.
Несреќниот случај се случил кога Катарина излегувала од возилото. Само што го напуштила автомобилот таксистот тргнал во рикверц, ја удрил и побегнал.

Ново на Сител
-

Седница на Советот на јавни обвинители
-

Уапсен е осомничениот кој фрлил бoмбa врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, сe трaгa пo уштe eднo лицe
-

Вембањама го предводеше Сан Антонио до триумф над шампионот Оклахома
-

ЗОИ 2026: Откажан тренингот за женскиот спуст поради обилни снежни врнежи
-

101 казна во јануари за затемнети стакла
-

Зеленски: Во војната со Русија загинаа околу 55.000 украински војници
-

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
