Балкан
17. September 2017 - 21:50

Пекол во Романија, најмалку петмина загинати

Најмалку пет лица настрадале во налет на бура во Темишвар, а најмалку 30 лица се повредени на западот на Романија, соопшти Инспекторатот за итни ситуации.

„Една жена загинала во зоолошка градина, додека маж починал кај хотелот Барон, каде на него паднал билборд“, соопштила портпаролката на Инспекторттот Енена Мегереа.