Пендаровски: Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни и солидарни
Претседателот Стево Пендаровски вечерва преку социјалните мрежи изрази сочувство за Италија, каде последните 24 часа починаа 793 лица од коронавирусот.
– Сочувство за Италија и сите нејзини жители, меѓу кои се и наши сограѓани. Тажни вести слушаме од Италија секој ден. Бројот на жртви од #COVID19 во едно деноноќие се брои во неколку стотици. Сликите од болниците се страшни, а трендовите се неповолни. Загрижувачки вести слушаме секојдневно и од многу други земји, во нашиот регион и подалеку, пишува Пендаровски на фејсбук.
Иако кај нас бројките се уште се во благ пораст, како што наведува, мораме да бидеме претпазливи.
– Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни кон јавното здравје и да бидеме солидарни, колку можеме да си помагаме. Ограничете го своето движење и излегувајте од дома само за значајни потреби. Ова е заедничка битка, не само наша и не само тука. Заштитете се себеси и сите околу вас, напиша претседателот Пендаровски на својот фејсбук профил.
Како што претходно објави МИА, во Италија за еден ден има нови 6.557 заразени, вкупно 53.578. Во последните 24 часа во таа земја починаа 793, со што смртниот биланс од Ковид-19 се искачи на 4825.
Ново на Сител
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари
-
Уапсен Ејуп Рустеми