Пендаровски и Пич разговараа за состојбите во регионот
Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Билјана“ во Охрид го прими сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, со кој разговараше за актуелните состојби во регионот во светло на активностите на Пич како специјален претставник на Обединетото кралство за Западен Балкан.
-Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на просперитетот и безбедноста на регионот. Обединетото Кралство, посочи претседателот Пендаровски, е докажан пријател на Северна Македонија и силен поддржувач во исполнувањето на нејзините стратешки цели и изрази очекување за продолжување на поддршката за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата, соопшти кабинетот на Пендаровски.
Во контекст на македонските аспирации за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски истакнал дека деблокадата на процесот и отворањето на пристапните преговори за членство со Северна Македонија позитивно ќе се влијае за стабилноста на регионот.
На средбата претседателот Пендаровски и специјалниот претставник Пич размениле мислења и информации во врска на руската инвазија врз Украина, како и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата во однос на ова прашање.
Ново на Сител
-

Низок ризик од појава и ширење на хантавирус во државата, велат од Комисијата за заразни болести
-

Променливо облачно со сончеви периоди, во Скопје можни краткотрајни врнежи од дожд
-

МВР го бара лицето кое го чувало заловениот волк во Козле, му следува казна до 20.000 евра
-

Уапсен возачот што удри 13-годишен велосипедист во Скопје
-

Нови 11,3 милиони денари поддршка за занаетчиите, малите и средните претпријатија
-

Владата донесе одлука за отворање македонска Амбасада во Литванија
-

СВР Битола апелира граѓаните да внимаваат на пријави за лажни сообраќајни несреќи
-

Во следните три дена прекин во снабдувањето со вода за сите корисници од водоводот Росоки-Дебар
