Пендаровски ќе додели одликувања Орден за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија
Претседателот Стево Пендаровски денеска во неговиот Кабинет на свечена церемонија ќе ги додели одликувањата Орден за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија.
Како што информира Прес-службата на претседателот, со Орден за заслуги за Република Северна Македонија ќе бидат одликувани добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата.
Орден за заслуги ќе добие и Стопанска комора на Северна Македонија, за својот 100-годишен грижлив и посветен влог и траен придонес во развојот на стопанството и поврзувањето на различните еснафски стопанственички структури.
Со Повелба на Република Северна Македонија ќе биде одликуван Бранко Азески, за фундаментален придонес во осовременувањето и развојот на стопанството, како и за високо професионалното раководење со Стопанската комора и секторот на стопанството.
Ново на Сител
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка
-
НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
-
Сончево и топло, температура до 36 степени