Пендаровски ќе ја ангажира Армијата во обезбедувањето на јужната и северната граница
– Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата, која заедно со граничната полиција, ќе го врши обезбедувањето на јужната и северната граница.
Од Кабинетот на Пендаровски соопштуваат дека одлуката е донесена врз основа на Одлуката на Владата за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на пандемија на Ковид-19, како и предлогот на Владата за учество на дел од припадниците на Армијата во справување со кризната состојба.
Според Одлуката на Владата кризната состојба ќе трае најмногу 30 дена, почнувајќи од 1 април 2021 година.
Владата во одлуката воедно му препорача на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да почне со подготовка на акциски план за превенција и справување со ситуацијата на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, а Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, со сите останати засегнати државни институции, да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со кризната состојба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет