Пендаровски-Лаудер: Холокаустот не смее да се заборави и да се негира
Претседателот Стево Пендаровски кој е во работна посета на Шведска и учествува на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против анти-семитизмот „Remember – React“ (Запомни – Реагирај), денеска во Малме се сретна со Роналд Лаудер, претседател на Светскиот еврејски конгрес.
Пендаровски, како што соопшти Кабинетот на претседателот, истакна дека Македонија е посветена на зачувување на споменот на Холокаустот и обезбедување историска одговорност за што презеде конкретни мерки и активности кои беа широко признаени и ценети.
Во таа насока, претседателот Пендаровски го издвои отворањето на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, усвоените работни дефиниции на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – за антисемитизмот и за негирање на Холокаустот, усвоената Декларација по повод 75-годишнината од депортацијата на македонските Евреи, како и реализираните значителен број домашни и меѓународни семинари за едукација и обука и комеморативни настани во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот.

Пендаровски на средбата истакна дека Холокаустот не смее да заборави, како и дека е потребно да се едуцираат младите генерации за Холокаустот и неговото негирање. Во оваа насока, како што потенцираше претседателот Пендаровски, Македонија поднесе апликација за полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот, ИХРА.
Ново на Сител
-

„Џејмс Бонд“ оди на аукција
-

На бегалката Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство
-

Во Србија вечерва почнува изборен молк
-

Неверојатни снимки од пештерата Врело на Матка, на 338 метри под вода – нуркачот открива дека пештерата продолжува уште подлабоко
-

Утре нема да работат шалтерите за наплата и рекламации на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
-

Земале брзи кредити со туѓи податоци и направиле штета од над 12 милиони - Кривична за две кумановки и петмина банкари
-

РСБСП со апел до возачите за внимателно и безбедно возење за продолжениот викенд
-

Цените на нафтата пораснаа поради новите напади на Хутите врз Саудиска Арабија
