Пендаровски на велигденска литургија во Охрид

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска со семејството по повод Воскресението Христово – Велигден присустуваше на света литургија во храмот „Свти Никола“ во Охрид.
– Ви посакувам мирни празнични денови со вашите најблиски, спокој и радост во срцата. За многу години Велигден, Христос воскресна, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил.
На припадниците од православна вероиспод им посака празничните денови да ги поминат, пред сѐ, во добро здравје, неизмерна радост и во среќа, исполнети со духовен мир.
– Вдахновени од Христовото страдање за човештвото и од неговото воскреснување да им дадеме смисла на нашите животи и да ги победиме искушенијата, отворајќи ги нашите срца и споделувајќи безусловна љубов, стои во велигденската честитка на претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
