Пендаровски - Нефју: Борбата против криминалот и корупцијата од исклучително значење во градењето правна држава
Актуелни теми врзани со борбата против корупцијата и напорите на државата за воспоставување ефикасен систем за превенција на корупцијата и судирот на интереси, беа во фокусот на разговорите на денешната средба на претседателот на државата Стево Пендаровски со глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент, Ричард Нефју.
На средбата, претседателот Пендаровски истакна дека борбата против криминалот и корупцијата, на секое ниво, вклучувајќи ја високата корупција, е од исклучително значење во напорите за градење на правната држава и за стекнување на доверба на граѓаните во институциите.
- Претседателот Пендаровски посочи на подготвеноста на државата, во согласност со националните приоритети, да ја продолжи соработката со САД во напорите за сузбивање на корупцијата, а во функција на унапредување на демократските процеси во државата преку овозможување на добро управување и владеење на правото, се наведува во соопштението од кабинетот на чефот на државата.
Пендаровски меѓу другото потенцира дека земјава високо ја цени поддршката и помошта што ја добива од САД во нејзините напори за подобрување во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата и изрази очекување таа да продолжи преку поддршка во градењето на капацитети.
Ново на Сител
-
Таравари со отчет за првите 100 дена: Лекари од приватното сакаат да се вратат во државното здравство
-
СДСМ: За 100 дена влада нула мерки и закочени субвенции
-
Еден затвореник ја чини државата 10 илјада евра годишно, како да се реши пренатрупаноста во затворите?
-
Зголемена потребата од негуватели
-
Преглед на вестите од светот
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот