Македонија
15. November 2021 - 14:00

Пендаровски – Павлески: Сите релевантни чинители да градат предвидлив бизнис амбиент

Неопходно е сите релевантни чинители во државата да градат предвидлив бизнис амбиент, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески.

На средбата соговорниците разговараа за состојбите во државата во однос на обемот на странски директни инвестиции, како и за последиците во оваа област од корона пандемијата.

Директорот Павлевски го информираше претседателот Пендаровски за тековните и најавените странски инвестиции кои, како што рече, ќе придонесат за нови вработувања.

Претседателот Пендаровски, пак, ја нагласи важноста од континуираната проактивност и партнерски однос на Македонија со странските инвеститори.