Пендаровски: По 3 ипол години граѓаните не се убедени дека правдата пристигна
Во првото годишно обраќање пред пратениците претседателот Пендаровски порача дека прогресот во судството не е доволен.
"Во редица судски процеси не видовме разрешница, некои од најголемите правни случаи застареа на очиглед на сите нас. Врв на лошите состојби во правосудниот систем беше т.н. афера Рекет во која меѓу обвинетите за тешки кривични дела се најде и првата личност на институцијата која беше имено формирана со една единствена цел - да ги гони криминалците, порача Пендаровски.
Шефот на државата ја повика следната власт веднаш по изборите да спроведе прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но и помеѓу политичарите.
"И секако за секој оној за кој ќе нема логично образложение како со државна плата станал милионер, треба веднаш да следи не оставка, туку кривична постапка" порача претседателот Пендаровски.
Деспина Тодоровска
Ново на Сител
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево
-
Светски ден на семејниот лекар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада