-->
-->
Пендаровски: Предложените дипломати се професионално вработени во МНР
-->
Престедателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Конференцијата по повод "30 години добро управување и антикорупциски реформи во Централна и Источна Европа".
На оваа конференција Пендаровски повика на соработка помеѓу институциите, невладиниот сектор, приватниот сектор, затоа што тоа е еден од успешните начини во справувањето со корупцијата, а транспарентноста и отчетноста се темели на доброто управување и владеење на правото.
Пo завршувањерто на конференцијата Пендаровски беше прашан и за именувањето именување на новите амабасадори од страна на Владата, на листата се 19 амбасадори.
- Не тоа е одлука на Влада вчера така почнува постапката ние имавме претходно со валдините преставници со министерството за надоврешни работи имавме широки консултации на таа тема од пред неколку месеци. Вчера е донесена одлука имињата за која е донесена одлуката јас ги знам формално не сум ја добил долуката на Владата кога ќе ја добијам ќе ја почнам постапката од моја страна. Во меѓувреме пред да ги праќам луѓето треба уште неколку работи да се завршат, меѓу кои и презентирањето на програмата на амбасадорите во преслушувањето на надлежната собраниска комисија и понатаму се разбира ќе се бараат агремани на државите кои сакаме да ги пратиме. Има една одредница која јас ја споменувам, сакам и сега да ја спомнам , Нели избори се ближат, чинам на трети јануари доаѓа техничката Влада меѓутоа многу битен датум е датумот на распуштање на Собранието, мислам дека тоа ќе биде околу 11, 12 февруари. После тој датум не можете ни да вработите ни да унапредите било кого во јавната администрација а не да праќате амбасдори. Што ќе се заврши во тој момент во смисла на амабасадорите ќе се завршат. Кој ќе отиде ќе отиде тоа не поради моја политичка волја туку затоа што законот забранува после самораспуштање на Собранието да се праќаат амбасадори. Значи ќе се чека ако до тој момент некој не е отиден на дестинацијата за која е определен тогаш ќе се чека да поминат изборите да се формира нова Влада значи да заврши тој изборен период, изјави Пендаровски.
Исто така тој соопшти дека идните 19 амбасадори се кариерни дипломати и вработени во МНР.
- Над 90 проценти од овие што се предложени на оваа листа се кариерни дипломати, значи се професионално вработени во Министерството за надворешни работи тоа беше едно од моите први заложби и едно од првите принципи кои инсистирав на моите првични консултации со министерот Димитров, открива претседателот.
На прашањето за случајот Рекет, Пендареовски беше прашан дали очекува правна разврска,еве што изјави тој.
- Ние мораме да имаме правна разврска, не само во овој случај во меѓувреме се појавуваат и други случаи јас очекувам и за тоа да има процедура поведена. Мораме да го завршиме тој случај до крај како што мораме да ги завршиме до крај сите случаи кои ги споенав досега кои се индицирани во снимките, не само заради тоа што треба, а треба за приклучување на Евроспаката унија и отварање на преговори но и заради нас. Ние децении, децении зборуваме за тоа дека треба да има правна држава , Европската Унија со деценија наназад не предупредува дека нема правна држава на ниво кое треба да го има земја кандидат и земја утре членка на Европската Унија и ако ние дојдеме до половина пат, еден двајца ако осудиме, а другите ќе ги оставиме на страна ние не можеме да претендираме да бидеме дел од модерното европско семејство на народи и држави, рече денеска Пендаровски пред новинарите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп