Пендаровски: Со одлуката на Вселенската патријаршија се исправа историската неправда нанесена врз нашата Црква
Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, aрхиепископ oхридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан по повод признавањето на каноничноста на Охридската Архиепископија од страна на Вселенската патријаршија.
– Со оваа важна одлука се исправа долгата историска неправда нанесена врз нашата Црква и нејзините верници и се исцелуваат длабоките рани поради децениите изолација со кои се соочи возобновената Охридска Архиепископија. Примајќи ја нашата Црква во евхаристиско општење, Вселенската Патријаршија ги избриша вештачки создадените поделби и го отвори просторот за градење на духовно единство на православните верници. Со ваквиот чекор, патријархот Вартоломеј и Вселенската Патријаршија не само што ја препознаваат реалноста на нашата жива православна Црква, туку го признаваат и нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија која низ вековите била прибежиште и извор на духовна сила и надеж за православните верници, се вели во честитката.
Претседателот Пендаровски изразува уверување дека одлуката отвора можност за нов и необременет духовен раст на нашата Црква и напредок и помирување во македонското општество.
Ново на Сител
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет