Пендаровски: Во интерес на сите е Уставниот суд да работи во комплетен состав
Во интерес на сите е Уставниот суд да работи во комплетен состав, со целосен капацитет и во соодветни технички услови, истакна претседателот Стево Пендаровски денеска при посетата на Уставниот суд на Република Северна Македонија на покана на претседателката на Судот, Добрила Кацарска.
![]()
За време на средбата, на која присуствуваа и претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, бил запознаен со тековните активности на Уставниот суд и предизвиците во неговата работа.
– Претседателката на Судот посочи на проблемите со кадровската неекипираност, а исто така ги претстави техничките услови за работа на судот и потребата за нивно подобрување, се наведува во соопштението.
![]()
На средбата биле пренесени и неколку иницијативи во однос на исполнувањето на надлежностите на судот, вклучувајќи ја можноста за воведување на уставна тужба со проширување на надлежностите на Уставниот суд.
Претседателот Пендаровски ја истакна потребата за скорешно надминување на предизвиците во работата на Уставниот суд, посочувајќи дека во интерес на сите е Уставниот суд да работи во комплетен состав, со целосен капацитет и во соодветни технички услови.
Ново на Сител
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
