Балкан
10. May 2023 - 14:34

Пендиков стана Бугарин: Планира да се врати во Северна Македонија и да им помогне на другите Бугари

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова попладнево во тамошното Претседателство му ги врачи бугарските лични документи и државјанство на охриѓанецот Христијан Пендиков.

„Се чувствувам помирно што можам да отидам во Северна Македонија, каде што се соочувам со искушенија. Се чувствувам позаштитен кога знам дека ме штити земја како Бугарија. Во Северна Македонија секојдневно добивам закани по мојот живот“, рекол Пендиков на свечената церемонија.

„Планирам овде да посетувам универзитет и да студирам меѓународни односи, а потоа да се вратам во РСМ и да им помагам на другите Бугари од Македонија“, додал тој.

Ново на Сител