Пенков: Ќе ставиме крај на рестрикциите на вода за пиење во Неготино
Ќе ставиме крај на рестрикциите на вода за пиење во Неготино, рече на денешната прес-конференција Златко Пенков, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Претставувајќи ја неговата изборна програма, се осврна на проектите за кои рече дека се во насока на решавање на најзначајните проблеми и потреби во Неготино. Нагласи дека основен приоритет е водоснабдувањето.
Најави дозавршување на проектите за комплетно решавање и подобрување наводоснабдувањето во Неготино преку реконструкција на воводоводната мрежа на пет улици во градот, доведување на дополнителни 30 литри во секунда вода во системот и изградба на филтер станица.
- Во наредниве четири години ќе се овозможи континуирана и непречена работа на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино со максимална поддршка од страна на локалната самоуправа. Ќе направиме набавка на возила и комунална опрема за потребите на „Комуналец“, се со цел да се обезбеди повисоко ниво на комунална услуга спрема граѓаните, нагласи тој.
Вети и модерен градски пазар. - Нудиме обемна програма, но таа е реална. Нудиме работа, нудиме резултати, како и можност заеднички да ја направиме општина Неготино едно од најпосакуваните места на живеење во Македонија, додаде Пенков.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА