Пентагон: Убиен лидер на огранок на Ал Каеда во Сирија
Во напад на коалициските сили, предводени од САД, во Сирија е убиен Мухсин ал-Фадли, клучна фигура на опасниот огранок на Ал Каеда, соопшти денеска Пентагон.
- Ал-Фадли погина на 8 јули во нападот од воздух врз возилото со кое патувал, кај градот Сармада во Сирија, рече портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис, а пренесоа американските медиуми.
Дејвис додаде дека Ал-Фадли бил „еден од само неколкумнината доверливи лидери на Ал Каеда кој однапред ја имал информацијата за планот за напади во САД на 11 септември 2001 година.
Портпаролот на Пентагон не изнесе повеќе податоци од нападот во кој погина лидерот на огранокот на Ал Каеда, па затоа не се знае дали нападот бил изведен со дрон или летало со кое управувал пилот.
Ал-Фадли бил водач на групата Хорасан, која околу себе собира оперативци на Ал Каеда испратени од Пакистан во Сирија за да осмислуваат напади врз цели на Западот.
Американските безбедносни служби наведуваат дека групата Хорасан и официјално е дел од екстремистичката организација фронтот Ал Нусра, сирискиот огранок на Ал Каеда.
Американскиот Стејт департмент имаше понудено награда од седум милиони долари за информации кои би водиле до апсење или смрт на Ал-Фадли, кој претходно живеел во Иран.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје