Македонија
1. April 2024 - 16:53

Пензиите се зголемија, пензионерите незадоволни

Пензионерите го добија најавеното покачување – најниските пензии се зголемија за 10 евра, највисоките за 65 евра. Почна исплатата на мартовските пензии, кои се повиски за 5,3%. Најголемиот дел, 40% од пензионерите кои месечно добиваа од 12,5 до 16 илјади денари добија од 660 до 850 денари плус на сметките. Оние пак, во највисоката група, кои земаа над 54 илјади денари пензија, добија покачување од речиси 3,000 денари.

Во државата, од вкупно 337 илјади има и 19 пензионери, чии  примања наминуваат 76 илјади денари . Нивните пензии ќе се зголемат за 4,000 денари. Со ваквото покачување, најголем дел од пензионерите не се задоволни. Пензијата не им стига ни за храна, ни за лекови.

За да се надмине јазот меѓу највисоките и најниските пензии, пензионерите бараат да се врати линеарното зголемување, односно сите пензии да се зголемат за иста сума. 

Техничкиот министер за труд од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вети дека ако дојат на власт, ќе работат на враќање на старото законско решение, односно линеарно покачување. Неопходна е промена на моделот, сметаат и од СПМ, затоа што сегашниот се покажа како несупешен. Ги обезвредни парите на граѓаните, кои со години го полнеле пензискиот фонд, велат од оваа партија..  

Инаку усогласувањето на пензиите се прави 2 пати годишно, еднаш во март и еднаш во септември. Лани во март се зголемија за 8,4, а во септември за 5,3, колку што е и сегашното зголемување. За колку ќе пораснат во септември ќе зависи од порастот на просечната плата и трошоците за живот.