Македонија
20. April 2018 - 11:26

Пензионер од Скопје со автомобил удри млада девојка

Во 20 часот и 30 минути во Скопје, на булевар „Кочо Рацин“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки  управувано од 80-годишниот Ј.С. од Скопјe и велосипедист.

Се работи за 25-годишната А.Т. од Скопје која се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.