-->
-->
Пензионери од Тиквешко протестираа на плоштадите во Кавадарци и Неготино
-->
Незадоволни пензионери од Тиквешко и денеска протестираа на градските плоштади во Кавадарци и Неготино, повторувајќи ги барањата за подостиинствен пензионерски живот.
Разочараните пензионери повторно ги истакнаа апелите за линеарно зголемување на пензиите за по пет илјади денари, минималната пензија да биде 20 илјади денари.
- Протестите ги правиме за да ја подигнеме свеста кон нашите проблеми. Бараме подобар животен стандард за подобри пензионерски денови, рече Ѓорѓи Делов, претседател на Иницијативниот одбор во Кавадарци.
Револтираните пензионери во одредени денови протестираат во двата града, а исто така и блокираат улици. Се со цел, како што нагласија, да се изнајде решение за нивните проблеми. Рекоа дека нема да отстапат од барањата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес