Пензионерите од Кочани на протест побараа линеарно зголемување на пензиите
Пензионерите од Кочани денеска по втор пат организираа протестен марш и собир на кој побараа линеарно зголемување на пензиите, како и обезбедување дрва за огрев или поддршка во плаќањето на дел од трошоците за електрична енергија.
На собирот пред просториите на Здружението на пензионерите беше нагласено дека причина за протестот е лошата состојба во која се наоѓаат пензионерите, посебно оние со најниски пензии кои не можат да си ги купат основните прехранбени продукти и лекарства.
- Крајно време е Владата да се погрижи за нас, бидејќи и ние имаме право на живот. Затоа, бараме линеарно покачување на пензиите по 3.500 денари за сите пензионери, а износот на најниската пензија да биде ист како минималната плата. Пензионерите со најниска пензија да добијат по три кубни метри огревно дрво или во ист износ да им биде платен надоместот за струја, како и обезбедување бесплатни лекарства за хронично болните пензионери, истакна Моне Ѓоргиев, претставник на пензионерите од Кочани.
Присутните на протестот повторија дека во кочанскиот регион има над 6.200 пензионери, a линеарното покачување ќе биде поправедно, затоа што повеќе од половината од нив земаат пензија под 15 илјади денари.
Протестен собир денеска организираа и пензионерите од општина Виница, при што беше дадена целосна поддршка на иницијативата за линеарно зголемување на пензиите.
Ново на Сител
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
