Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против 28-годишна жена, осомничена дека при семејно насилство се обидела да ја убие бабата на својот сопруг, со која живееле заедно.
Според Обвинителството, инцидентот се случил на 15 август во дом на улицата „Борис Бојаџиски“. Осомничената влегла во собата каде што одмарала 88-годишната жена, ја заклучила вратата, седнала врз неа и ѝ ставила перница на лицето, при што ја удирала и по главата.
Нападот престанал откако осомничената помислила дека жената починала. Потоа му кажала на сопругот, кој повикал полиција. Повредената била пренесена во болница со повреди на главата и вилицата и хематоми.
Жената се сомничи за обид за убиство при семејно насилство, а Обвинителството побарало да ѝ биде определен притвор поради опасност од повторување или довршување на делото.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
