Пешак прегазен кај охридското село Требеништа
Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што се случи синоќа во 17:45 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај излезот од патот за селото Требеништа. Како последица на повредите здобиени во несреќата, во возилото на службата за Итна медицинска помош на пат кон болница починал Јонче Ј. (64) од селото Требеништа.
Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот го преминувал коловозот на магистралниот пат од левата кон десната страна, при што бил удрен од патничко моторно возило марка „Рено Лагуна“ со охридски регистарски ознаки управувано од М.Ш.(42) од Охрид. Ударот се случил на десната коловозна лента со предниот лев дел од патничкото возило што се движело од Кичево кон Охрид.
За време на увидот на местото на настанот извршен од полициски екипи и вешто лице, сообраќајот на магистралниот пат се одвивал по една коловозна лента со наизменично пропуштање на моторните возила.
По наредба на јавен обвинител, подигнати се траги за ДНК анализа, во СВР-Охрид земени се брисеви од усна шуплина од возачот и сопатникот во возилото „Рено Лагуна“ а во брза помош Охрид земена им е крв и урина за анализа. Врз телото на сега починатиот, денеска ќе се изврши обдукција, а врз патничкото моторно возило дополнително вештачење.
Ново на Сител
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво
-
Колку пациенти добиле пролонгирање на хируршка интервенција?
-
Надоместок од 3000 денари за несовесните граѓани кои ги оштетуваат рампите
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија