-->
-->
Пешак прегазен во Тетово, возачот избегал
-->

Пешак од село Мала Речица се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од од моторно возило на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера околу 16:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, патничко возило „фиат браво“, со непознати регистарски ознаки, удрило во пешакот А.А.(57) од с.Мала Речица, тетовско, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.А., констатирани во Клинички центар Тетово, посочуваат од МВР во редовниот дневен Билтен.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
