Песков: Изјавата на Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија се „празни зборови“
Изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија, имајќи предвид дека самиот си забрани да учествува во нив, се празни зборови, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Подготвеноста мора да се заснова на нешто, не може да се заснова на законска забрана за такви преговори, рече Песков денеска на својот дневен брифинг. -Анализата на нашата земја. . .
покажува дека господинот Зеленски има големи правни проблеми со неговиот легитимитет, но и покрај тоа руската страна останува отворена за преговори, посочи тој.
Зеленски вчера во интервју за британскиот новинар Пирс Морган рече дека ќе се согласи на директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин „ако тоа е единствениот потег што може да донесе мир за граѓаните на Украина“.
-Како што изјави претходно Путин, секој може да ги води преговорите на украинска страна, но документите за нивните резултати мора да бидат потпишани од луѓе чиј легитимитет е потврден легално, коментира денеска Песков.
Тој истакна дека Русија и САД одржуваат контакти преку посебни служби, а неодамна овие врски се „зајакнати“.
Песков ги коментираше и зборовите на американскиот претседател Доналд Трамп дека жителите на Појасот Газа треба да се преселат во други арапски земји. Ова „се граничи со лудилото“, рече тој.
Во исто време, Песков рече дека Русија ќе продолжи да ги развива односите со Иран. „Имаме мултилатерална соработка во повеќе различни области.
Ќе продолжиме и ќе ги развиваме овие односи“, рече портпаролот на Кремљ.
Ново на Сител
-
30 дневен притвор за обезбедувањето на Мицкоски се обидел да земе 50.000 евра за службените документи
-
На сметките на пензионерите легнаа повисоки пензии за 2.500 денари
-
Трендафилов со предлог - И јас и пратениците да земаме 500 евра плата, но и работниците да добијат толку
-
Државата ќе им исплаќа субвенциониран оброк и на вработените студенти со плата под минималната
-
Преглед на вестите од светот
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?