-->
-->
Песков: Не ја исклучуваме можноста Трамп и Путин наскоро да разговараат
-->
Кремљ не ја исклучува можноста за телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп по американско-украинските преговори во Џеда, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не исклучуваме дека може да се појави тема за телефонски разговор на највисоко ниво. Доколку се појави таква потреба, тој ќе се организира многу брзо. Постојните канали за дијалог со Американците дозволуваат тоа да се направи за прилично краток временски период“, рече тој.
Песков додаде дека Русија очекува да добие информации за деталите од преговорите во Џеда на преговорите со САД, кои ќе се одржат наскоро, пренесува ТАСС.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ