Песков: Подготвени сме за разговори со Бајден кога тој ќе биде подготвен
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска пред новинарите во Москва изјави дека доколку американската администрација не е подготвена за денеска, разговорот меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, може да се одржи и во понеделник. Според него, Кремљ е подготвен за разговори „во кое било време што му одговара на Бајден“, пренесе Тасс.
Белата куќа се уште не го прифати понудениот онлајн разговор меѓу двајцата лидери, што би се емитувал во живо.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека Бајден денеска е на службен пат во Џорџија, па веројатно нема да може да разговара со Путин.
Рускиот претседател вчера му предложи на својот американски колега во следните денови да одржат виртуелен разговор, што ќе се пренесува во живо, како одговор на изјавата на Бајден дека тој е убиец.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
