Песков: Путин е подготвен да испрати делегација во Минск на преговори со Украина
Коментирајќи ја изјавата на претседателот на Украина дека е подготвен да разговара за „неутралниот статус“ на Украина, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека успехот на руската специјална операција за прашањето за демилитаризација на таа земја е задолжителна компонента.
Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати руска делегација во Минск на преговори со Украина, рече Песков.
Според него, во руската делегација ќе има претставници на Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и администрацијата на Кремљ.
Тој рече и дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, за време на разговорите со рускиот лидер изјавил дека Минск ќе ги обезбеди сите услови во однос на безбедноста за да се случат преговорите.
„Зеленски најави подготвеност да разговара за неутралниот статус на Украина. Првично, рускиот претседател Владимир Путин рече дека целта на операцијата е да им се помогне на ЛНР и ДНР, вклучително и демилитаризација и денацификација на Украина. И ова, всушност, е составен дел на неутралниот статус“, рече Песков.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп