Песков: Русија нема да влезе во трката за вооружување со НАТО
Русија нема да се приклучи во трката за вооружување со НАТО, дури и Алијансата да ги зголеми своите воени трошоци, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека европските сојузници и Канада од 2016 година ги зголемиле своите воени трошоци за 130 милијарди долари.
Песков рече дека зголемувањето на трошоците на Алијансата за војската ја зголемува загриженоста на Кремљ.
Тој додаде дека Русија нема да се вклучи во „трката за наоружување или во трката за трошење“ со НАТО бидејќи тоа ќе биде штетно за економијата на земјата.
– Претседателот Владимир Путин повеќе пати истакна дека ние дејствување на поинаков начин, рече Песков.
Лидерите на НАТО собрани на самитот во Лондон денеска се обидоа да ги намалат своите разлики и инсистираа на тоа да останат обединети за безбедносните прашања и решени да се бранат едни со други и покрај серијата расправии меѓу претседателите на некои од најголемите земји членки на Алијансата.
Ново на Сител
-
Бадникова поворка во понеделник во Кавадарци
-
Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
-
Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти
-
Тошковски со извинување до велешани за затворањето на мостот во Башино село , вели полицијата ќе обезбеди проток на сообраќајот
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава
-
Кривична за двајца скопјани за обид на убиство и помагање