Песни од македонски поети објавени во српското списание „Браничево“
Одбрани песни од македонски поети се објавени во најновиот број на списанието за книжевност „Браничево“ во Пожаревац, Република Србија.
Ревијата за книжевност „Бранувања“ сопшти дека објавени се песни на Ристо Ѓ. Јачев, Христо Петрески, Петко Шипинкаровски, Славица Г. Свидерски, Весна Мундишевска Велјановска, Зоран Пејковски, Маја Стела Босилковска, Тоде Илиевски и Марина Мијаковска.
- Најновата презентација на македонските поети надвор од Македонија е уште една потрврда на активноста и заложбите на редакцијата на Ревијата за книжевност „Бранувања“, што се темели на воспоставување на заемна соработка и градење мостови меѓу македонската и културите од регионот и пошироко, изјави уредникот на „Бранувања“, Петко Шипинкаровски.
Списанијата „Браничево“и „Бранувања“ ќе бидат промовирани на 8 јули на манифестацијата „Струшки книжевни средби“.
Ново на Сител
-
Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетници
-
Вежба против несоница
-
Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина
-
Уапсена 36 годишна прилепчанка затекната при кражба во куќа во Прилеп
-
Некои од најлесните раси кучиња за тренирање
-
Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп откако Виткоф ќе му ги пренесе информациите што ги доби од Москва
-
Донатела Версаче замина во пензија
-
Украинските сили ноќеска собориле 16 од 27 руски дрона