Песочна бура на Канарските Острови, нарушен авионскиот сообраќај
Голема песочна бура од Сахара ги погоди шпанските Канарски Острови, поради што е нарушен авионскиот сообраќај на таа популарна туристичка дестинација.
Шпанскиот оператор на аеродромот „Аена“ вчера, поради слаба видливост, ги откажа или ги пренасочи сите летови за и од Канарските Острови.
Во текот на ноќта сообраќајот е нормализиран на сите аеродроми, освен во јужниот дел на Тенерифе.
Ветерот беше пречка и за траектниот сообраќај, јави Би-би-си.
Регионалната Влада во саботата прогласи вонредна состојба, а на жителите им беше советувано да останат во домовите, да затворат прозорци и да избегнуваат патувања.
Шпанската национална метеоролошка служба соопшти дека ветер со јачина од 120 километри на час на Канарските Острови може да се очекува и денеска.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива