Македонија
3. September 2015 - 15:32

Пет години затвор за возачот од сообраќајката кај „Зебра“

Петгодишна затворска казна му одреди Судот на Бојан Блажевски, обвинет за сообраќајката што се случи во јули годинава кај трговскиот центар „Зебра“ во населбата Капиштец, во која загина новинарката Сузана Тодоровска-Павловска.

Основниот суд Скопје 1 го осуди Блажевски за кривичното дело „тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот“.

Блажевски на 7-ми јули годинава со брзина од 83 километри на час под дејство на алкохол и марихуана ја прегази новинарката Тодоровска-Павловска, која се движела по тротоарот кај ТЦ „Зебра“. Обвинетиот пред Судот изјавил дека се кае за тоа што го сторил.

Бојан Блажевски ќе остане во притвор до правосилноста на судската одлука.