Пет и пол години казна затвор за возачот кој лани на штипскиот булевар прегази средношколец

Штипскиот Основен суд ја донесе пресудата против 69 годишниот Богдан Митевски, кој лани во ноември на пешачки премин пред регионалното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ на булеварот „Гоце Делчев“ го прегази 15 годишниот Мустафа Седат. Пет години и шест месеци е казната затвор за Митевски, кој на судењето пред пет члениот кривичен совет ја признал вината.
-Имавме признание на вина од страна на обвинетиот. Тој институт е нов во законот за кривична постапка и доколку обвинетиот признае вина, тоа му се цени како олеснителна околност, не изведуваме други докази, освен докази кои се однесуваат на одлуката за кривичната санција, вели судијата кривичар во Основниот суд во Штип, Јулијана Недкова.
Таа забележа дека казната за вакви случаи е од четири до 20 години, судот ги ценел и олеснителните и отежнителните околности.
-Се работи за повозрасен човек, кој досега не е осудуван, друга постапка против него не се води. Коректно се однесуваше на главната расправа, но ги имавме во предвид и отежнителните околности дека во оваа сообраќајна несреќа животот го загуби ученик, дете на возраст од 15 години, а кое немало никаков придонес за настанување на сообраќајната незгода, вели Недкова.
Сообраќајната несреќа на булеварот „Гоце Делчев“ се случи лани на деветти ноември, кога Митевски со своето возило движејќи се со брзина од 84 километри на час не застанал на пешачкиот премин, по кој се движел Мустафа, со група на ученици.
Десет дена подоцна момчето им подлегна на тешките повреди. По овој случај се организираа протести од страна на родителите и учениците барајќи да се зголеми безбедноста на пешаците на булеварот.
Локалните власти реагираа со што го изградија новиот кружен тек, а пред сите училишта во Штип постави лежечки полицајци. Со новото сообраќајно решение на овој булевар кој е влез и излез на Штип кон Скопје или Велес се анулираше оваа црна сообраќајна точка. Возачите го збавија движењето на своите возила, а пешаците поминуваат на обележаните премини
Ново на Сител
-

Тешко повреден параглајдерист од САД во битолско
-

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност
-

Газда Деко добивал информации за рации во дискотеката, комуницирал со инспектори, полицајци, вработени во Економија
-

Девет лица фатени како пијани управуваат пловни објекти на Охридското Езеро
-

Зеленски повика на „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, откако Русија изврши нови напади врз Киев
-

Уапсен 16-годишник од Тетово, крадел по цркви и џамии
-

Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра - капиталот надминува 20,5 милиони евра
-

СП 2026: Норвешка со два гола на Халанд го урна Бразил и обезбеди четвртфинале
