Пет кози умреле по напад на бездомни кучиња во гостиварско Чајле
Пет кози умреле од повреди откако бездомни кучиња во трлото на фармата на Синан Елези во селото Чајле Гостиварско.
Според првични сознанија, нападот се случил рано утрово, кога еден од соседите забележал куче во трлото и го повикал сопственикот.
– Рано утрово соседите ни јавија да дојдеме на фармата на која чуваме седумдесет кози. Еден од нив видел како куче се шета во трлото и му станало сомнително. Кога дојдовме, забележав дека неколку кози имаат рани, а неколку лежеа неподвижни. Повикавме ветеринар и тој ни потврди дека се искасани од кучиња, изјави за МИА Елези.
Тој нагласи дека и претходно имало слични напади, но не биле со вакви последици и толкава штета. Откако ќе биде направен целосен увид, ќе се утврди и штетата која според првичните процени на сопственикот надминува 30 илјади денари.
Пред неполни три месеци, штети од напад на бездомни кучиња имаше и во стадо на сточар од селото Здуње. Тамошните жители и Синан, сточарот од Чајле посочија на опасноста која демнее, бидејќи како што рекоа, ваквата агресивност на кучињата може да доведе до трагичен исход, доколку нападнат деца.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина и испрати на Сирија 500 метрички тони пченично брашно
-
Прв случај на мпокс потврден во Косово
-
Собранието ќе ја одржи 28-та седница, ќе заседаваат и две комисии
-
Возач од Прилеп тешко повреден откако излетал од патот
-
Пиштол и 53 куршуми пронајдени кај лице од Сарај
-
БиХ: Си ја убил сопругата, па се пријавил во полиција
-
НБ: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки
-
Лавров: Двосмисленото однесување на Франција го поткопува дијалогот за мир во Украина