Свет
27. December 2016 - 8:53

Пет лица ранети во престрелка во Москва

Пет лица, меѓу кои и тројца полицајци се ранети во престрелка во Москва, јави ТАСС.

Според руските власти маж ранил со огнено оружје тројца припадници на полицијата во западниот дел на Москва. Во престрелката се ранети и двајца цивили.

Четворица од ранетите се примени во болница, а на петтиот му е укажана медицинска помош на лице место, додаде полицијата. 

Напаѓачот се скрил во станбена зграда, која во моментот се претресува.