Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
Пет пожари на отворен простор низ државава се евидентирани изминатото деноноќие, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Гореле стрништа, депонии, ѓубришта, сува трева и нискостеблеста вегетација, како и шума.
Скопската Бригада за противпожарна заштита од 2:50 до 3:40 часот, интервенирала на запалена ниска вегетација и ѓубре на обиколница - клучка кај Оризари. Било интервенирано со едно возило и четворица пожарникари.
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица - Струмица од 18:50 до 19:30 часот, со тројца пожарникари и едно противпожарно возило, интервенирале на запалена депонија кај село Просениково. Од 23:30 до 24 часот со тројца пожарникари и едно возило, се интервенирало на запалена ниска вегетација, покрај улицата „Ристо Ќурчиев“.
Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица - Виница од 11:50 до 12:50 часот, со тројца пожарникари и две противпожарни возила, интервенирале на запалена ниска вегетација.
Од Регионалниот центар за управување со кризи - Велес информираат дека и на нивна територија имало помала интервенција.
- Изминатото деноноќие имало вкупно 1.792 повика на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК. Од нив, „реални“ повици биле 57,26 отсто, а 42,74 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 70,94 отсто, кон Итната медицинска помош - 22,26 проценти, кон пожарникарите - 3,40 отсто, а кон АМСМ - 0,38 од реалните повици, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец