Пет пожари за два дена од горење отпад од лозја во Кавадаречко
Пет пожари за два дена биле предизвикани при горење отпад од лозја во Кавадаречко, а изминатите неколку седмици пожарникарите континуирано биле ангажирани во гаснење на пламени јазици што настанале токму поради масовно горење на лозовите прачки што остануваат по резидбата на виновите лози.
Во два посебни пожара во кавадаречкото село Сопот, огнот се приближил до самите куќи, па се појавила и паника од можни последици врз домовите на сопотчани.
Командирот на Територијалната противпожарна единица, Александар Чадамов, во изјава за МИА рече дека, за жал, некои од неодговорните во огнот ставаат и гума, пластика и кабли, за побрзо да изгорат отпадните прачки.
– Тоа од една страна претставува опасност по животите и имотите на луѓето, а од друга страна, дополнително ја загадува околината. Апелираме на совесност кај населението и внимателност кога станува збор за управување со отпадот што им останува по кроењето на лозјата, нагласи Чадамов.
Тој додаде дека токму поради овој актуелен проблем со кој се соочуваат, им се случува нивни екипи истовремено да бидат ангажирани на неколку различни места. Овие денови поради вакви пожари, редовно на работа биле повикувани и пожарникари кои во тој момент не се на смена, се со цел, успешно да се локализираат сите жаришта што се јавуваат после неконтролирано справување со отпадот од лозјата.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува

