Пет сообраќајки во Скопје, тешко повреден пешак
Пешак се здобил со тешки телесни повреди, а едно лице е полесно повредено во две од вкупно пет сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во три сообраќајки била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала 27 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, двајца не дале пренство на минување на возила во зона на крстосница, тројца за непоседување зимска опрема во возилата, 11 возачи за неносење сигурносен појас и 14 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Од сообраќај биле исклучени тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 18 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет возачи почетници, како и пет технички неисправни возила и 11 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 104 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 85 возила.
Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ООУ „Блаже Коневски“ на подрачјето на општина Аеродром, со ученици од четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови