Кошарка
5. November 2015 - 18:14

Пет земји кандидати за Евробаскет 2017

 
ФИБА објави дека пет земји поднеле кандидатури за Евробаскет 2017 година, и тоа Полска, Израел, Турција, Романија и Финска. Од ФИБА велат дека домаќинот ќе биде обелоденет на почетокот од идниот месец, а не се исклучува можноста да има повеќе од еден домаќин како што беше годинава.
 
Во следниот период претставници на ФИБА Европа ќе извршат инспекција во земјите кои поднесоа кандидатури, а по извештаите од тие посети ќе биде обелоденето и во која држава или држави ќе се одржи следниот европски шампионат во кошарка.
 
Словенија минатата седмица јавно се откажа од намерата да биде еден од организаторите, потенцирајќи дека нема никаква исплатливост да плати околу два милиони евра за да биде домаќин на една група од шампионатот во 2017 година.