-->
-->
Петличковски: Сите вакцини гарантираат стопроцентна заштита од смртен исход и тежок тек на болеста
-->
„Сигурен 100% ефикасен третман се уште немаме, но имаме некои јасни ставови за тоа дека вакцинацијата е најдобриот пристап во справување со епидемијата“ - рече проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на трибината „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“
-Вакцини имаме на располагање, сите вакцини коишто се одобрени од СЗО и другите авторитети во огромен процент што некогаш се движи до 100%, штитат од тежок тек на болеста и тие се основните податоци што мора да ги имаме на ум кога размислуваме за тоа дали да се вакцинираме или да не се вакцинираме - кажа имунологот Петличковски.
Според професорот, тоа што во моментов имаме ниски бројки на заразени, не е доказ дека пандемијата е завршена. Во одредени земји кадешто има голем процент на покриеност со имунизација, вирусот има повторни обиди да се врати, можеби не со иста сила, но факт е дека со примена вакцина се исклучува можноста за тежок тек на болеста, истакна тој.
-Вестите и приказните за несаканите ефекти од разните видови на вакцини одеа циклично. Која вакцина ќе станеше достапна и популарна веднаш беше поврзувана со некои страшни приказни, многу од нив комплетно неосновани. Тие приказни се појавувале и ќе се појавуваат, не очекувам да застанат, но на овие милиони па и веќе милијарди покриени жители со вакцини, кога ќе ги сумираме бројките веќе гледаме дека станува збор за исклучително ретки случаи - кажа Петличковски.
Во однос на состојбата во која во моментов се наоѓаме, тој рече дека ова е ситуација која долго време ја очекувавме. Имаме мал притисок врз здравствениот систем, имаме вакцини на располагање и имаме доста сознанија од оваа година ипол поминати со пандемијата. Истражувањата и натаму продолжуваат во однос на тешко болните пациенти, смртните исходи, како и асимптоматските случаи.
На вчерашната Трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ покрај проф.Петличковски учествуваа министерот за здравство д-р Венко Филипче, претседателката на Националниот комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова и проф. д-р Драган Даниловски епидемиолог.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но додека тоа не се случи, Скопје мора да ги почитува компромисите
-
Финансиската полиција со кривична пријава против едно лице до ОЈО Радовиш за несовесно работење во службата
-
Полицијата го расчисти случајот со пукањето во Чаир, приведени четири лица
-
Defender на џез авантура – Ексклузивен спонзор на Скопски џез фестивал
-
Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото бебе во Скопје
-
За една недела пет нови случаи на пертусис на ниво на Центар за јавно здравје Куманово
-
Во петок и сабота повремени локални врнежи и пониски температури
-
Судир на мопед и електричен тротинет, едно лице повредено