Петмина осомничени за фалсификување пари во Куманово
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против пет лица, од кои две се осомничени дека сториле продолжено кривично дело „фалсификување пари“ од член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничените, четворица жители на Скопје и една жителка на Крива Паланка, сите на возраст меѓу 19 и 34 години, за сума од 18.000 денари набавиле девет фалсификувани банкноти од по 100 евра од лице од Скопје.
Потоа, во пет наврати во Куманово и еднаш во Крива Паланка, во различни правни субјекти купувале производи и услуги со фалсификуваните банкноти. Набавувале храна, алати, но и изнајмувале соби, со што се стекнале со противправна имотна корист.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените.
Ново на Сител
-
Малолетник со остар предмет се заканувал на друг малолетник во Скопје
-
Кривична пријава против градоначалникот на Струга поради незаконско назначување директор на училиште
-
Откриени илегални мигранти во две возила управувани од турски државјани
-
Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности
-
Мицкоски за писмото до ЕУ: Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег
-
Сомневањата за вмешаноста на таткото на Вања првично потекнаа од изјавите на Велибор и Боре, изјави сведок на судењето
-
Барак и Мишел Обама се вклучија во кампањата на Камала Харис за избор за претседател на САД
-
Четворица работници повредени во ескплозија во погонот за артилерија во фабриката Слобода во Чачак