Петмина повредени, од нив двајца полициски службеници во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Куманово
Двајца полициски службеници и тројца кумановци се повредени во сообраќајна несреќа што е случи вчера пред 22 часот на „Нагорички сокак“ во Куманово, соопшти денеска полицијата.
Вчера во 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот А.И.од липковското село Матејче, и патничко возило „шевролет спарк“ сопственост на МВР.
- Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во општа болница Куманово, соопшти полцијата.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
Ново на Сител
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана