-->
-->
Петмина загинати во сообраќајна несреќа во Романија
-->
Пет лица загинаа, а 30 беа повредени во сообраќајна несреќа утрово во Романија, јави Аџерпрес. Инцидентот се случил во 6.15 часот утрово на обиколницата на градот Плоешт, северно од Букурешт.
Автобус, кој сообраќал на редовна линија меѓу градовите Манешт и Плоешт, со околу 40 патници, удрил од позади во камион, натоварен со песок.
Според првичните заклучоци, виновен за инцидентот е возачот на автобусот, бидејќи на местото не се откриени траги од сопирачки.
Полицијата се сомнева дека возачот на автобусот можеби заспал на воланот или возилото имало технички проблеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Димков, менаџер на Конти: Јасен беше ризикот, некои добија, некои изгубија
-
До крајот на денов сончево со мала до умерена локална облачност, среда и петок дожд
-
Изгоре товарно возило кај Струмица
-
Одбележување на Европскиот ден на органодонорството
-
Без вода корисниците од повеќе улици во Скопје
-
За една година САД потрошиле рекордни 17,9 милијарди долари за воена помош за Израел
-
Загина поранешен фудбалер во поплавите во БиХ, пронајден гушнат со сопругата
-
Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА