Петнаесет години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 15 години од масакрот кај Вејце, во кој загинаа осум припадници на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи во конфликтот во 2001 година.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, ќе положат цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на полкот за специјални операции на АРМ во касарната „Илинден“ во Скопје. При посетата на касарната Јолевски и Величковски ќе присуствуваат и на дел од редовната обука која ја изведуваат припадниците на оваа најелитна единица на АРМ.
Ќе биде положено цвеќе и на останатите спомен обележја за бранителите од страна на семејствата, делегации на институции и здруженија на граѓани.
Во заседата кај Вејце загинаа бранителите Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица, Марјан Божиновски од Битола, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски од село Горно и Долно Оризари, Битола и Илче Стојановски од Породин.
Ново на Сител
-

Над 14 500 кандидати за полагање на матурата, денеска изборен екстерен испит - странски јазик, математика или историја
-

Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа
-

Во недела средба Макрон, Мерц, Стармер и Зеленски
-

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
