Петнаесет луѓе од тетовско не ги почитувале решенијата за изолација
Тетовската полиција вчера утврдила дека 15 лица не ги почитувале решенијата за изолација поради Ковид-19. За сите нив се поднесени пријави за утврдување на кривична одговорност.
-Во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиме дека 15 лица од Тетово и тетовските села Слатино, Доброште, Лисец, Одри, Терце и Јажинце не ги почитувале решенијата и не биле пронајдени во своите домови. Против овие лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
СВР Тетово досега има 142 пријави на тетовско-гостиварскиот регион за лица кои не постапиле според здравствените прописи во време на епидемија.
-Најголемиот дел од нив не биле во нивните домови, туку заминале надвор од државата, информира Јосифоски.
Полицијата вчера има евидентирано и 31 казни за лица кои не носеле заштита на лицето.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе