Македонија
17. March 2017 - 11:58

Петнаесет тони луцерка изгореа во пожар во плевна

Пожар пеплоса до темел плевна во делчевски Град, сопственост на 39-годишниот Б.Т. Според информацијата од СВР Штип, во плевната изгореле 15 тони луцерка.

- Пожарот е пријавен во ТППЕ Делчево во два часот по полноќ по што пожарникарите веднаш реагирале и успеале да го локализираат во 3.30 часот.

Истрагата и увидот треба да ја потврдат причината за пожарот, информира Гордана Панајотова, портпарол од СВР Штип.