Петнаесетгодишно девојче застрела две лица во приватно училиште во САД, а потоа изврши самоубиство
Тинејџерка застрела две лица во приватно христијанско училиште во САД, а потоа се самоуби, јавија американските медиуми. Нападот во северниот дел на Висконсин вчера бил извршен од 15-годишно девојче.
Засега нема информации за нејзините мотиви, соопшти полицијата. Девојката со пиштол застрелала наставник и ученик и повредила шест лица пред да се убие.
Двајца од повредените ученици се во критична состојба. Претходно беше пријавено дека загинале четири лица, меѓу кои и напаѓачот.
„Конгресот мора да дејствува“, повика Бајден, кој долго време се залагаше, но залудно, за построга контрола на оружјето во САД.
Според организациите кои следат инциденти со огнено оружје во САД, оваа година имало 322 престрелки во училиштата во државата.
Ова е најтрагичната година во овој поглед од 1966 година, кога имало 349 престрелки, јавија американските медиуми. Само 3 отсто од масовните престрелки во САД се извршени од жени.
Ново на Сител
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје