Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
Исплатата на парите од услугата МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите тече континуирано, порача денска директорката на Управата а јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.
Нагласи дека прво треба да заврши обработката на кварталните даночните пријави кои се поднесени до 25 јануари по што почнува исплатата на средствата од МојДДВ.
-Во самиот процес се случува граѓани да променуваат трансакциски сметки, а УЈП доставува групни налози до Трезорот. Често ни ги враќаат заради угасени сметки во самиот тек на поврат на средствата. Доколку и само еден граѓанин ја угасне сметката се враќаат налози за други 8.000 граѓани и тоа значи дека процесот треба да почне наново. Можеби затоа стигнавме до крајниот рок со реализацијата на услугата. Сепак, во секој случај граѓаните ќе ги добијат своите средства навреме, истакнаа од УЈП на денешната средба со новинарите.
За исплата на средства за МојДДВ, како што посочи, за изминатиот квартал се предвидени 870 милиони денари.
И за повратот на ДДВ за компаниите, директорката Петрова рече дека се реализира континуирано.
-Средствата за поврат на ДДВ се исплаќаат континуирано. Побарувањата за поврат на ДДВ, УЈП ги разгледува малку потемелно и прави подлабински контроли. Во моментов кога дојдов на оваа функција наследивме и неодобрени побарувања, но и одобрени, а не исплатени. Тие се ставени на препроверка, меѓутоа самите бројки покажуваат дека во континуитет се реализира повратот на ДДВ, оцени Петрова.
Нагласи дека повратот на ДДВ е динамична материја.
-До 25 февруари се поднесени нови даночни пријави што значи дека има и нови барања за поврат на ДДВ. До крајот на месецов, што значи до утре, како и до 15 март е законскиот рок да поднесуваат исправки на даночни пријави за 2024 година за друга група на корисници што значи дека и тука ќе настана промени – некои побарувања ќе бидат повлечени или намалени, ќе дојдат нови побарувања. Тоа е динамична материја, појасни Петрова.
За истрагата за поврат на ДДВ за „фантомските фирми“ посочи дека УЈП ги заврши инспекциските контроли.
-Записниците од контролите кај тие 10-тина компании се доставени до истражните органи, до Управата за финансиска полиција и до Јавното обвинителство. Вкупната сума на утврден непријавен и помалку платен данок во овие контроли изнесува околу четири милијарди денари, прецизира Петрова.
За повратот на ДДВ заостанат од претходната влада, рече дека се расчистува тековно освен за некои случаи за кои, додаде, можеби не се завршени контролите.
Ново на Сител
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово
-
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир
-
ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон, исповедникот на Путин
-
Зеленски пристигна во Вашингтон на средба со Трамп
-
Истражителите сметаат дека смртта на Џин Хекман и неговата сопруга е „сомнителна“
-
Организирале борба со кучиња - уапсени три лица во тетовско